Со заминувањето на Џон Тери, се отвори место за нов капитен на екипата на Челзи.
Она што беше и очекувано денес доби и официјална потврда. Гери Кејхил е нов капитен на „сините“ од Лондон, додека негова замена ќе биде Шпанецот, Цезар Аспиликуета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е еден од моментите на кој сум премногу горд. Да се биде капитен на Челзи за мене претставува голем успех и задоволство ми е што ќе ја имам таа чест“, изјави Кејхил.
Кејхил има 31 година во Челзи настапува веќе пет години. На „Стенфрод Бриџ“ пристигна од Болтон, а со клубот од Лондон до сега освои две титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите и една во Лигата на Европа.
За репрезентацијата на Англија запиша 55 настапи.