Дома Фудбал Англија Официјално: Фоден потпиша нов договор со Манчестер Сити

Официјално: Фоден потпиша нов договор со Манчестер Сити

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден го продолжи договорот на три години и ќе остане во клубот до 2027 година.

Претходниот договор на 22-годишниот истекуваше во во 2024 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тешко е да се искаже со зборови колку сум среќен што го потпишав овој договор. Ова е остварување на сонот. Цел живот сум навивач на Сити. Тренирав овде толку многу години, бев на теренот и ја додавав топката на натпреварите. Толку многу го сакам овој клуб и да се биде дел од него до 2027 година е одлично“, изјави Фоден за клупската веб-страница.

Фоден дебитираше за Сити во ноември 2017 година и досега одигра 182 натпревари и постигна 52 гола.

Тој освои 11 трофеи – четири Премиер Лиги, ФА Куп, четири трофеи во Лига Купот и два Комјунити Шилд.

За репрезентацијата на Англија одигра 18 натпревари и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…