Дефанзивецот Самуел Умтити го направи еден од најизненадувачките трансфери ова лето бидејќи од Барселона се пресели во Лече.
Италијанскиот клуб денес го потврди трансферот на Французинот кој во последните сезони не беше стандарден во Барселона. Долго време Барселона се обидуваше да се ослободи од него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерот инсистираше да остане и покрај понудите кои ги имаше, за неговата лоша форма придонесоа и повредите.
На крајот како најсериозен кандидат излезе Лече кој сезонава се врати во Серија А. Во Лече Умтити ќе игра како позајмен играч. Сезоната овој тим ја стартуваше со два порази.