Дома Фудбал Останато Официјално: УЕФА ги образложи казните за Звезда и Партизан

Официјално: УЕФА ги образложи казните за Звезда и Партизан

Дисциплинската комисија на УЕФА денес ги соопшти казните на Црвена Звезда и Партизан пред нивните натпревари од 1/16 финалето во Лигата на Европа против ЦСКА односно Викторија Плзен.

Звезда против рускиот претставник ќе игра без присуство на публиката, а во официјалната одлука на УЕФА е наведено и дека црвено-белите ќе мораат да платат 50.000 евра. Генералниот директор на Звезда, Звездан Терзиќ најави жалба.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Да потсетиме, УЕФА Звезда ја обвинуваше за расистичко однесување на навивачите во текот на натпреварот во Белурсија на 23 ноември.

Кога е Партизан во прашање, во образложението е наведено дека против црно-белите е започната постапка и ќе мораат да платат парична казна од 30.000 евра поради влегувањето на нивните навивачи на теренот, користење на пиротехнички средства и блокирање на скалите на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…