Дома Фудбал Италија Официјално: Серија А продолжува на 20 ти јуни, седум дена претходно италијанскиот Куп!

Официјално: Серија А продолжува на 20 ти јуни, седум дена претходно италијанскиот Куп!

Денес се одржа клучниот состанок на кој се одлучуваше судбината на Серија А и беше донесена конечна одлука.

Сезоната во Серија А ќе продолжи на 20-ти јуни и тоа со заостанатите натпревари од 25-то коло, Торино – Парма, Аталната – Сасуоло, Сампдорија – Интер, Верона – Каљари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Потоа ќе продолжат натпреварите од 26-то коло и најверојатно ќе се игра во збиен распоред бидејќи планот е сезоната да заврши до почетокот на август. Натпреварите ќе се ограат во три термини и тоа: 17:00, 19:30 и 21:30.

Официјално фудбалот на Апенините ќе се врати на 13-ти јуни со реванш полуфиналните дуели од Купот, Јувентус – Милан и Наполи – Интер. Финалето на Купот ќе се игра на 17-ти јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак

Официјално соопштение од Њукасл како одговор на објавата на Исак „Разочарани сме текстот н…