Дома Фудбал Официјално: Севиља има нов тренер!

Официјално: Севиља има нов тренер!

Екипата на Севиља вечерва на својот официјален сајт го потврди доаѓањето на новиот тренер во клубот.

Севиља на својот сајт потврди дека нов тренер на екипата е – Пабло Макин!

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Тренерот кој направи чудо во Гирона (ги спаси од испаѓање во Секунда, ги внесе во Примера и сезоната ја заврши на десетата позиција) стави потпис на договор на пет години.

Макин тренерската кариера ја започна на само 25 години, а познат е по тоа што ја форсира формацијата 3-5-2 со која во Гирона правеше чуда.

Медиумите во Шпанија оваа потврда од Севиља ја зимаат како најава за отварање на патот на Микел Артета кој сега наводно е главен кандидат за седнување на тренерското столче на Гирона.

Во прв план се истакнува тоа што Гирона има силни врски со Манчестер Сити каде што Артета му беше помошник на Гвардиола оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо не му оди: Братот на Белингам во Германија прави само проблеми

Во Германија се водат жестоки дебати околу семејството Белингам. Слабиот почеток на сезона…