Дома Фудбал Англија Официјално: Роналдо не е повеќе фудбалер на Манчестер Јунајтед

Официјално: Роналдо не е повеќе фудбалер на Манчестер Јунајтед

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда, Манчестер Јунајтед го раскина договорот со Кристиано Роналдо.

После шокантното интервју кое го даде Роналдо каде отворено го критикуваше клубот, тренерот и соиграчите јасно беше дека тој повеќе нема иднина на „Олд Трафорд“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер Јунајтед веднаш почна да работи на раскинување на договорот кој истекуваше на крајот на сезоната.

Клубот сега со официјално соопштение потврди дека со меѓусебен договор  Роналдо не е повеќе играч на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед и Наполи се во преговори за трампа

Со приближувањето на летниот трансфер период, Манчестер Јунајтед има за цел да го подобри …