Српскиот фудбалер Немања Матиќ кариерата и официјално ќе ја продолжи во Олимпик Лион, објави денес францускиот клуб.
Матиќ кој првиот дел од сезоната го помина во Рен со Лион потпиша договор до 2026 година. Висината на трансферот изнесува 2.6 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Олимпик Лион е воодушевен што успеа во клубот да доведе харизматичен и искусен играч како Немања Матиќ“, објави Лион во соопштението.
Матиќ во кариерата помеѓу останатото настапуваше за: Бенфика, Челзи, Манчестер Јунајтед и Рома. Дресот на репрезентацијата на Србија го носеше на 48 натпревари.
Bienvenue Nemanja ! 🦁🔴🔵#Matić2026 pic.twitter.com/7tap3cc9wf
— Olympique Lyonnais (@OL) January 27, 2024