Дома Останати Кошарка Официјално: Обрадовиќ се врати во Партизан

Официјално: Обрадовиќ се врати во Партизан

Тоа што се најавуваше минатите денови сега доби официјална потврда, Жељко Обрадовиќ се врати на клупата на Партизан.

Обрадовиќ после скоро 30 години се враќа во Партизан кој го водеше во периодот од 1991 до 1993 година, а српските медиуми откриваат дека потпишал договор на три години.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Среќни сме и задоволни бидејќи Жељко Обрадовиќ се врати. Мислам дека секој збор е излишен, а во истовреме и недоволно силен да опише што значи за Партизан неговото враќање. Пред нас е голема работа“, изјави претседателот на Партизан Остоја Мијаиловиќ.

Обрадовиќ во кариера ги предводеше уште екипите на Хувентуд, Реал Мадрид, Тревизо, Панатинаикос и Фенербахче и има освоено 63 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Загина кошаркарски тренер во тешката сообраќајка во Хрватска

Џереми Гамбен беше тренер на Луксол, а некогаш и репрезентативец на Малта. Четири лица заг…