Дома Фудбал Англија Официјално: Обамејанг во Арсенал до 2023 година!

Официјално: Обамејанг во Арсенал до 2023 година!

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пјер Емерик Обамејанг го продолжи договорот со Арсенал.

Габонскиот напаѓач беше во последната година година од договорот, но одлучи да остане во Арсенал и се обврза на верност до 2023 година.

Преговорите траеа долго време, па Арсенал мораше значително да му ја зголеми платата за да го задржи 31-годишниот напаѓач.

Со новиот договор Обамејанг ќе биде најплатен фудбалер во тимот и неделно ќе заработува 250.000 фунти.

„Останувањето во овој посебен клуб никогаш не беше доведено под сомнеж. Овде е мојот дом“, изјави Обамејанг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Кандрева потпиша за Сампдорија

Искусниот играч Антониот Кандрева и официјално ја засили Сампдорија. Поранешниот италијанс…