После неколку месеци тешки преговори, Баерн успеа да обезбеди нов долгорочен договор со Џошуа Кимих!
Баварскиот гигант денес соопшти дека 23 годишниот универзалец ставил потпис на договор до 2023 година што е еден важен чекор во создавањето на тим за иднината. Пред Кимих соработката гигантот од Минхен ја продолжи и со Кингсли Коман исто така до 2023 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кикер“ пишува дека деталите не биле спорни, туку должината на договорот. Со оглед на тоа дека се е завршено, очигледно Баерн го добил тоа што го сака.
Џошуа Кимих е фудбалер кого многумина го сметаат за наследник на Филип Лам. Двајцата потекнуваат од школата на Штудгарт, играат на иста позиција и се еднакво поливалетни. Исто така германските медиуми предвидуваат дека Кимих во наредните години ќе стигне и до капитенската лента.
Иако има само 23 години тој веќе собра повеќе од 100 настапи во Бундес лигата за Баерн и 25 за репрезентацијата на Германија, се очекува шанса да добие и на Светското првенство во Русија.