Дома Останати Авто Мото ОФИЦИЈАЛНО: Мик Шумахер од наредната сезона во Формула 1!!

ОФИЦИЈАЛНО: Мик Шумахер од наредната сезона во Формула 1!!

Мик Шумахер, синот на легендарниот шампион Михаел Шумахер од наредната сезона ќе вози во Формула 1.

После одличните настапи во Ф2 шампионатот каде што е лидер, Мик се договори за соработка со екипата на Хас и ќе го вози овој болид во наредната сезона.

„Големо задоволство ми е да потврдам дека Мик Шумахер ќе биде еден од нашите возачи во наредната сезона. Се радувам што ќе го имаме во тимот“, изјави директорот на Хас, Гуентер Стејнер.

Мик секако е пресреќен што ќе вози во Ф1.

„Не знам што да кажам. Благодарен сум на Хас и Ферари што веруваа во мене, исто така им благодарам на моите родители, на нив им должам се. Секогаш верував дека сонот ќе ми се оствари. Ќе дадам се од себе за Хас во Ф1“, порача Мик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Серхио Перез ќе биде тимски колега на Верстапен

Meксиканецот Серхио Перез од денес и официјално е член на Ред Бул. „Ред Бул потврдува дека…