Дома Фудбал Официјално: Мануел Пелегрини има нов клуб

Официјално: Мануел Пелегрини има нов клуб

Искусниот чилеански стратег Мануел Пелегрини од денес и официјално има нов клуб.

Како и што се најавуваше во претходните денови, Реал Бетис потврди дека Мануел Пелегрини ќе биде нивни нов тренер. Чилеанецот потпиша договор до 2023 година.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


66 годишниот стратег последниот ангажман го имаше на клупата на Вест Хем, а претходно се прослави водејќи ги Виљареал, Малага и Манчестер Сити. Врвот на кариерата го достигна на клупата на Реал Мадрид, но таму се задржа само една сезона.

Инаку пред да потпише со Бетис Пелегрини се поврзуваше со Фенербахче.

Екипата на Бетис вложува многу во последните години, но сеедно лошо стои на табелата во Ла Лига каде што е на 13. позиција. Чилеанецот во наредната сезона веројатно ќе има задача да се обиде да се избори за некое од местата кои водат во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Реал Мадрид се подготвува голема реконструкција: Тројца фудбалери ги потврдија заминувањата!

Вчерашната спортска вест на денот беше заминувањето на Лука Модриќ од Реал по 13 години, н…