Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Ливерпул му забрани на Салах да игра за Египет во Токио

Официјално: Ливерпул му забрани на Салах да игра за Египет во Токио

Управата на Ливерпул и официјално го извести Египет дека нема да дозволат Мохамед Салах да биде дел од селекцијата за настапот на Летните олимписки игри во Токио.

Салах имаше желба да игра за својата репрезентација, но тоа нема да се случи затоа што мора да ги следи препораките од неговиот клуб. Причината поради која Ливерпул му забрани на Салах е што турнирот на ОИ е од 22. јули до 7. август, додека Премиер лигата стартува на 13.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„На почетокот на разговорите клубот не најави дека нема да го пушти. Како и да е ја почитуваме нивната одлука, иако Салах изрази голема желба да ни помогне и да биде со нас во Токио“, изјави првиот човек на египетскиот сојуз Ахмед Мегахед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јунајтед подготви неверојатна понуда за играчот кој го сака половина Премиерлига

Манчестер Јунајтед подготви огромна понуда за да го доведе Антоан Семењо и да го „украде“ …