Дома Македонски спорт Мак ракомет Официјално: Куни Моралес останува во Вардар!

Официјално: Куни Моралес останува во Вардар!

Десниот бек Куни Моралес го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во „црвено-црниот“ дрес и следната сезона.

Кубанскиот интернационалец стана миленик на публиката и важен дел во тимот, и со своите игри го потврди квалитетот што го поседува.Леворакиот бек имаше одлични партии во дресот на македонскиот првак и освојувачот на двојната круна.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Особено во клучните моменти и во натпревари кои беа од особено значење за тимот. Со неговите продорни влезови и прецизни шутеви на многу натпревари Вардар ја покажа играчката надмоќ, а подеднакво одлично играше и во одбрана.

Бескомпромисен борец и вистински професионалец, и на задоволство на двете страни е продолжена соработката за најмалку уште една сезона.

Моралес и во иднина ќе ги „кине“ ривалските мрежи, не само во домашното првенство туку и во Лигата на шампионите. Сезонава Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плејофот. Неговите голови беа и дел од Топ-5 голови на колото во лигата на шампионите и во СЕХА лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…