Повремениот македонски репрезентативец Кире Марковски денес пронајде нов клуб.
Од денес Марковски е нов играч на Карвина од Чешка. Поранешниот играч на Работнички со Карвина имаше договор од поодамна, а денес се официјализираше.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Македонскиот фудбалер ја даде и првата изјава како член на Карвина.
„Доаѓам во организиран клуб со одлична инфраструктура и супер стадион. Верувам дека направив вистински избор“, изјави Марковски.
Пред да потпише за Карвина тој го носеше дресот на Работнички, АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава.