Дома Фудбал Италија Официјално: Икарди се враќа во тимот на Интер!

Официјално: Икарди се враќа во тимот на Интер!

Мауро Икарди после скоро два месеци се враќа во тимот на Интер и ќе биде повикан за утрешниот меч против Џенова.

Ова денес го потврди тренерот на „нероаѕурите“ Лучијано Спалети, кој додаде дека Икарди ќе биде во стартниот состав и ќе започне од првата минута на гостувањето кај Џенова во рамките на 30-то коло од Серија А.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Утре Икарди ќе биде во стартниот тим против Џенова. Тој реагираше ментално на вистинскиот начин, а тоа е поважно од физичката спремност. Ќе видиме колку минути ќе може да игра, и ако треба ќе биде заменет во второто полувреме“, потврди Спалети.

Икарди одбиваше да игра за Интер откако му беше одземена капитенската лента со изговор дека е повреден. Пред десетина дена се врати да тренира со остатокот од тимот, но Спалети повторно не го повика за мечот со Лацио.

Марота заврши неверојатна работа и осигури вистински дијалог помеѓу сите засегнати страни во случајот. Тоа значи дека Икарди може да му помогне на тимот. Тимот е обединет и имаме заедничка цел“, додаде Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок во Мадрид: Пристигна пред една година како големо засилување и веќе зажалил, сака да замине!

На 12 август минатата година, Хулијан Алваарез стана официјално играч на Атлетико Мадрид, …