Дома Фудбал Англија Официјално: Де Геа стави потпис, останува во Јунајтед до 2023 година!

Официјално: Де Геа стави потпис, останува во Јунајтед до 2023 година!

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – Давид де Геа стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед.

Според новиот договор Де Геа се обврза на верност кон „црвените ѓаволи“ до 2023 година и ќе биде еден од најплатените играчи на „Олд Трафорд“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако финансиските детали од договорот не се откриени, медиумите на Островот откриваат дека Шпанецот ќе заработува 15 милиони евра по сезона.

Шпанецот влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ мораа да ги задоволат неговите барања бидејќи можеа да го загубат без пари следното лето.

„Сега мојата иднина е фиксирана. Се што сакам е да му помогнам на тимот е да постигнува успеси и да освојува трофеи“, изјави Де Геа.

Де Геа пристигна во Манчестер Јунајтед во 2011 година и до денес одигра 367 меча за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не ра…