Дома Топ вести Официјално: Детали од размената која ја направија Реал Мадрид и ПСЖ

Официјално: Детали од размената која ја направија Реал Мадрид и ПСЖ

Реал Мадрид и ПСЖ ја официјализираа размената.

Како што е официјално потврдено Навас кариерата ќе ја продолжи во Париз, додека наредната сезона на позајмица во Реал Мадрид ќе ја помина Алфонсо Ареола.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


За трансферот на искусниот Костариканец ПСЖ плати 15 милиони евра, а Навас потпиша договор на три години, вреден шест милиони евра по сезона.

Кога во прашање е Ареола тој со ПСЖ има договор до летото 2023 година и заминува во Реал на едногодишна позајмица. Реал Мадрид нема право да го откупи неговиот договор.

ПСЖ неодамна го доведе и Серхио Рико од Севиља, па така може да се каже дека голманската позиција им е обезбедена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…