Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Вардар – Копенхаген ќе се игра во Скопје!

Официјално: Вардар – Копенхаген ќе се игра во Скопје!

УЕФА и официјално му дозволи на Вардар натпреварот против Копенхаген од 3-то квалификациско коло во Лигата на шампиони да го игра на „Телеком Арена“ во Скопје.

Првичниот став на УЕФА беше дека нема да има натпревари на „Телеком Арената“ до одржување на Суперкупот, но со оглед на фактот дека во Македонија нема друг стадион кон ги исполнува условите, УЕФА сепак попушти и дозволи натпреварот да се игра во Скопје.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Иако според ждрепката првиот меч требаше да се игра во Данска, сепак Вардар ќе бидат ќе биде домаќин на првиот меч, кој ќе се одигра во вторник во 20 часот, потврди „македонски Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…