Дома Фудбал Англија Официјално: Бранислав Ивановиќ е нов играч на ВБА

Официјално: Бранислав Ивановиќ е нов играч на ВБА

Бранислав Ивановиќ потпиша едногодишен договор со екипата на ВБА.

После три сезони поминати во руски Зенит тој одлучи да се врати во Англија, а во Вест Бромвич го донесе Славен Билиќ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тој е одлично засилување за нас, тим кој е нов во лигата. Неговото искуство за нас ќе биде голема помош.“ – изјави Билиќ и додаде:

„Не е само големо тоа што го донесовме, туку неговото влијание кое ќе го има, не само за дефанзивците, туку и за целиот тим околу себе.“

Ниту Ивановиќ не го криеше задоволството што се врати во Премиер лигата.

„Премиер лигата е најдобрата лига на светот. Морам да поставам предизвици пред себе и сум подготвен да помогнам. Среќен сум што се вратив во ПЛ.“ – рече Ивановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренерот на Севиља ја доби најголемата суспензија во историјата на Ла Лига!

Тренерот на Севиља, Матиас Алмеида, доби суспензија од седум натпревари и нема да може да …