Фудбалерите на Белгија и Србија вечерва играат пријателски натпревар, а оваа средба ќе биде одиграна без присуство на публика.
Поради лошите временски услови натпреварот нема да може да се игра на стадионот „Крал Бодуен“, туку на „Дер Дерф“ во Лувен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сега е и официјално поради лошите временски услови на теренот „Крал Бодуен“ пријателскиот натпревар помеѓу Белгија и Србија ќе се игра на стадионот „Ден Дерф“ во Лувен без публика. Терминот останува непроменет, среда 20:45 часот. Фудбалскиот сојуз на Белгија ги извести навивачите дека средствата за купените билети ќе им бидат вратени“, соопшти ФСС.
Натпреварот Белгија – Србија е на програмата од 20:45 часот.