Дома Топ вести Официјално: Барселона купи бразилски „вундеркинд“

Официјално: Барселона купи бразилски „вундеркинд“

Барселона потврди дека постигнала договор со бразилски Палмеирас за трансфер на младиот играч за врска, Матеус Фернандеш.

Барселона на Палмеирас за 21-годишниот играч за врска ќе му плати 10 милиони евра, а Фернандеш ќе остане на позајмица во бразилскиот клуб до 1-ви јули.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фернандеш потпиша 5-годишен договор со каталонскиот клуб, а во договорот ќе има откупна клаузула од 300 милиони евра.

Станува збор за играч за врска со дефанзивни карактеристики и еден од најдобрите во бразилскиот шампионат.

Важи за голем талент во Бразил, каде веќе ги доби епитетот „новиот Казимиро“, што одлично говори за неговите квалитети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…