Баерн Минхен и Реал Мадриф експресно постигнаа договор за трансфер на десниот бек Алваро Одриазола, а денес истиот беше и официјално потврден.
24 годишниот десен бек пристигна на „Алијанц Арена“ како позајмен играч и ќе настапува во Баерн Минхен во следните шест месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Баерн Минхен потпиша со Алваро Одриозола на позајмица од Реал Мадрид до крајот на оваа сезона. Откако ги помина медицинските прегледи, 24-годишниот десен бек потпиша договор и ќе биде денеска дел од тренингот на тимот“, стои во соопштението на Баерн.
Одриазола не добиваше голема минутажа во Реал Мадрид, а Баерн беше во потрага по дефанзивец па двете страни брзо постигнаа договор.
#FCBayern have signed @alvaroodriozola on loan until the end of the season ✍️#MiaSanMia pic.twitter.com/BDPRkTDLSi
— FC Bayern English (@FCBayernEN) January 22, 2020