Тоа што се најавуваше веќе подолго време денес доби и официјална потврда. Марко Асенсио останува во Реал до 2023 година!
„Кралскиот“ клуб денес соопшти дека еден од најдобрите млади фудбалери на светот, Марко Асенсио ставил потпис на нов договор и ќе му остане верен на Реал Мадрид до 2023 година, а во новиот договор ќе има откупна клаузула од 700 милиони евра.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Ваквата клаузула му овозможува на Реал да биде „мирен“ дека никој богат клуб на светот нема да може да му го „украде“ Асенсио, како што тоа се случи ова лето со Нејмар.
Асенсио ќе добие и зголемување на платата, но економските детали на договорот не се познати.
Потписот на Асенсио е последен во низата, откако во последните две недели нови договори со Реал Мадрид потпишаа: Марсело, Иско, Варан, Карвахал, Бензема и Маркос Љоренте.