Поранешниот италијански репрезентативец, Алберто Аквилани, својата кариера ќе ја продолжи во Шпанија.
Аквилани своевремно настапуваше за тимови како Рома, Јувентус, Милан и Ливерпул, а за прв пат во својата кариера одлучи да се проба и во Шпанија, а клубот за кој ќе настапува во наредниот период е Лас Палмас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа вест на својата официјална страница ја потврди и шпанскиот прволигаш, наведувајќи дека според договорот, Аквилани во Лас Палмас би требало да се задржи две години.
Во шпанскиот клуб Италијанецот пристигнува како слободен фудбалер, последен негов ангажман беше во тимот на Пескара. Во текот на својата 15 годишна кариера, Аквилани запиша и 38 настапи за репрезентацијата на Италија.