Легендарниот француски стратег, Арсен Венгер на крајот од минатата сезона го напушти кормилото на Арсенал после 22 години поминати во клубот.
Со оглед дека не замина по своја желба, туку доби токаз, Арсенал беше должен да му исплати оштета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес британските медиуми пренесуваат дека Арсен Венгер од отказот во Арсенал инкасирал 17.1 милиони фунти.
Венгер својата ера во Арсенал ја заврши една година порано од планираното.
На клупата на Арсенал Французинот седна на 22-ри септември 1996 година. За тоа време три пати ја освојуваше шампионската титула, седум пати титулата во ФА Купот и исто толку трофеи има и во Комјунити Шилд.
Последниот натпревар на клупата на Арсенал за Венгер беше оној на 6-ти мај против Барнли кој неговиот клуб го доби со 5:0.