Дома Фудбал Англија Откриено зошто вчера во Премиер лигата откажа гол-технологијата: Ова се случува првпат во 9000 натпревари

Откриено зошто вчера во Премиер лигата откажа гол-технологијата: Ова се случува првпат во 9000 натпревари

После големата пауза поради пандемијата на коронавирусот вчера беа одиграни натпревари во Премиер лигата, а првата ја одиграа Астон Вила и Шефилд.

Токму на тој натпревар се случи една голема грешка на гол-технологијата. Екипата на Шефилд во 42. минута постигна гол, но тој не беше признат. Имено, голманот на домаќините Орјан Ниланд со топка влезе во голот, меѓутоа гол-технологијата не му прати сигнал на главниот судија Мајкл Оливер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од компанијата „Hawk-Eye“ која е задполжена за гол-технологијата испратија извинување до Шефилд и ја објаснија ситуацијата.

„Судијата не доби сигнал дека топката ја помина гол-линијата и на вакво нешто сме за првпат сведови. Ова не сме го виделе во 9000 натпревари. Сите седум камери кои ја покриваа гол-линијата беа покриени од голманот, фудбалерите и конструкцијата на голот. Се извинуваме на Премиер лигата и оштететениот клуб“, стои во објаснувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…