Дома Фудбал Останато Откриено зошто Абрамович не присуствуваше на финалето во ФА Купот

Откриено зошто Абрамович не присуствуваше на финалето во ФА Купот

Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович се соочи со одложување на британската виза пренесува, „BBC“.

Челзи во саботата го играше финалето во ФА Купот кое на крај го освои со победа од 1:0. Сепак, сопственикот на овој клуб не беше во можност да присуства на овој натпревар.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Соработниците на Абрамович соопштија дека тој не сака да зборува за приватните работи.

Извор близок на милијардерот на медиумите им открил дека сопственикот на Челзи е во процес на обнување на својата виза и дека тој процес сега трае подолго од вообичаеното, па поради тоа тој не бил во можност да присуства на финалето во ФА Купот.

Медиумите пренесуваат дека визата на Абрамович му истекла минатиот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се подготвува контроверзен трансфер: Младата ѕвезда на Реал доаѓа во Барселона?

Според наводите на реномираниот бразилски портал UOL Esporte, Барселона не планира да заст…