Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер истакна дека е отворен за нови засилувања во јануарскиот преоден рок.
Медиумите на Островот веќе ги открија плановите на „црвените ѓаволи“ и тврдат дека вратата од „Олд Трафорд“ им е отворена на тројца фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Први на листата за заминување се Немања Матиќ и Маркос Рохо кои не се во плановите на Солскјер. Третиот фудбалер на кого му е отворена излезната врата е 34-годишниот Ешли Јанг.
Јунајтед сака да донесе две засилувања во зимскиот преоден рок, а приоритет за Солскјер се офанзивниот играч за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, како и на најдобриот фудбалер за врска во Лестер, Џејмс Медисон.
„Црвените ѓаволи“ веќе спремиле понуди за двајцата фудбалери и наскоро ќе започнат преговори.