Дома Трансфер зона Откако го направи Кукуреља најскап бек во историјата, Челзи го руши рекордот на Мегваер?

Откако го направи Кукуреља најскап бек во историјата, Челзи го руши рекордот на Мегваер?

Eкипата на Челзи би можела да го обележи финишот на преодниот рок.

Челзи вчера го објави трансферот на Марк Кукуреља кој стана најплатениот бек во историјата на фудбалот прекокнувајќи го Кансело со трансферот во Сити.

Кукуреља во Челзи стигна за 65 милиони евра фикусно и дополнителни осум преку бонуси. Само еден ден по овој трансфер Челзи би можел да тргне во нова акција.

Според последните информации Челзи ја зголемил понудата за Весели Фофана од Лестер на астрономски 100 милиони евра, односно 85 милиони фунти.

Во случај да се реализира ваков трансфер Челзи би го срушил рекордот кој го постави Јунајтед за да го доведе Хари Мегваер од Лестер (80 милиони фунти).

Фофана исто така има желба за промена на средината, но Брендан Роџерс упорно одбива да се откаже од својот дефанзивец. Во Челзи Фофана би бил идеална замена за Кристенсен кој премина во Барса, додека Рудигер беше заменет со Кулибали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конте во Тотенхем „отпишал“ четворица играчи кои вредат 100 милиони евра

Медиумите на Островот пренесуваат дека раководството на Тотенхем испратило порака до четво…