Конкурентите на Манчестер Сити во Премиер лигата веќе имаат став која казна ќе биде адекватна за „граѓаните“ во случај да се покаже дека се виновни за обвиненијата за финансиски малверзации.
Според „Сан“ останатите клубови ќе бараат исфрлање на Манчестер Сити од Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Притоа, останатите клубови бараат прашањето да биде решено што е можно побрзо и евентуалната казна да биде изречена до крајот на актуелната сезона.
„Ако овие обвиненија бидат докажани, има само една адекватна казна – да бидат исфрлени. Веќе со децении зборуваме за најстроги казни за злоупотреби, па Премиер лигата мора да постави правилно“, изјави еден од директорите во Премиер лигата.