Дома Македонски спорт Осминафиналето е обезбедено, но за одбојкарите денес започнува нова мисија

Осминафиналето е обезбедено, но за одбојкарите денес започнува нова мисија

По еден ден пауза македонските одбојкари денес го продолжуваат настапот на Европското првенство, а противник ни е репрезентацијата на Холандија.

Со вчерашната победа на Чешка против Црна Гора нашите одбојкари веќе го обезбедија пласманот во осминафиналето, но и не можеме да кажеме и дека двата натпревари кои следат денес и утре не се важни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Овие дуели се важни за со позитивен реузлтат да ја избегнеме силната Италија која во осминафиналето во Бари ќе игра на домашен терен. Можеби победа против Чешка изгледа како пореална опција, меѓутоа одбојкарите веруваат и во изненадување со Холандија.

Иако се силна репрезентација, „лалињата“ сепак не се селекција од калибарот на Полска, тоа се покажа и вчера кога изгубија еден сет од Данска. Токму затоа и ние веруваме дека може да се надигруваме.

Натпреварот против Холандија стартува во 17:00 часот во салата „Борис Трајковски“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…