Tимот на Шкупи доведе ново засилување пред почетокот на вториот дел од сезоната. Омер Имери по три ипол години се враќа во Чаир.
Шкупи го доведе Имери на шестмесечна позајмица од Бодрумспор, а Имери истакна дека е среќен што повторно ќе го носи дресот на Шкупи.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Посебно чувство за мене, морам да кажам дека сум среќен што се враќам во Шкупи. Ова е кипа со талентирани фудбалери и ќе дадам се од себе да помогнам клубот да ги оствари целите“, изјави 22-годишниот Имери.
Во ПМФЛ Имери има 72 натпревари, 16 постигнати голови и седум асистенции.