Дома Македонски спорт Олимпиецот Ставре Јада добил само 10.000 денари за настап на ЗОИ во Пекинг

Олимпиецот Ставре Јада добил само 10.000 денари за настап на ЗОИ во Пекинг

Ставе Јада е еден од тројцата претставници на Македонија Зимските олимписки игри кои ќе се одржат во Пекинг од 2. до 20. февруари.

Јада преку социјалнитем режи се пожали дека општина Крушево, градот каде што е роден добил само 10.000 денари парична помош.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост:

„Почитувани, Поради мојот втор настап на зимски олимписки игри овојпат во Пекинг, доставив барање за финансиска помош до Општина Крушево. На денешната седница на Советот на Општина Крушево ми беа доделени срамни 10.000 денари, пари со кои не можам да ги покријам основните трошоци. Пред еден месец, Општина Крушево обезбеди финансиска помош и службено возило до Босна и Херцеговина за целосно новата биатлон федерација. Сакам да поставам неколку прашања до Општина Крушево

1. Дали овај е начинот на кој се поддржуваат младите спортисти од градот?

2. Зошто Општината има двојни аршини при финансирање на спортистите?

И со оваа сума на пари, јас гордо и достоинствено ќе го претставувам Крушево и Македонија на Зимските олимписки игри во Пекинг“.

Фото: Ставре Јада (ФБ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…