Дома Фудбал Германија Озил се опрости од репрезентацијата: Дали е тоа затоа што сум муслиман?

Озил се опрости од репрезентацијата: Дали е тоа затоа што сум муслиман?

Германскиот фудбалер Месут Озил се опрости од репрезентацијата.

Озил со проштално писмо помеѓу другото порача дека некогаш со гордост го носел дресот на Германија, но тоа веќе не е случај.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Последните неколку недели имав време да размислам за се она што се случувало во последните месеци. Сакам да го споделам своето чуство и мисли за се што се случи.“

„Како и кај многу луѓе, моето потекло влече корени од друга земја. Додека растев во Германија моето семејство има свои корени цврсто врзани во Турција. Имам две срца, едно во Германија, друго во Турција.“

„Нема повеќе да играм за репрезентацијата на Германија додека го имам ова чуство на расизам и непочитување. Некогаш го носев гермнаскиот дрес со гордост, но тоа веќе не е случај. Кога високи функционери во Германскио сојуз така ме третираат, непочитувајќи ги моите турски корени и себично ме вметнаа во политичка пропаганда, тогаш е доста. Ова не е причината поради која играм фудбал. Расизмот никогаш не треба да биде прифатен. Јас сум Германец кога победиме, а имигрант кога загубиме.“

„Не можам повеќе да поднесам да бидам жртвено јагне. Постајат ли криетерими да се стане вистински Германец, а јас да не се вклопувам во тоа? Моите пријатели Лукас Подолски и Мирислав Клосе никогаш не се нарекуваат Германци – Полјаци, зошто сум јас тогаш Германец -Турчин? Дали е тоа поради Турција, дали е тоа затоа што сум муслиман?“ – напиша Месут Озил.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…