Oд времето кога беа соиграчи во Мадрид…
Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил ја минува својата шеста година во дресот на Арсенал откако во 2013 година пристигна од Реал Мадрид за сума од 45 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многумина беа изненадени од ваквата одлуката на „кралевите“, но тогашниот тренер на Реал, Карло Анчелоти не веруваше премногу во Германецот.
Тоа прилично го налутило Кристиано Роналдо.
„Кога Роналдо слушна за тоа, полуде! Беше многу лут на Анчелоти на кого му кажа дека ние двајца најдобро соработуваме на теренот и дека јас најдобро го разбирам на теренот. Во соблекувалната беше навистина бочно. Меѓутоа, Анчелоти не кажа ништо, а јас добив ветување од Арсен Венгер дека ќе бидам стандарден“, откри играчот за врска на Арсенал.