Дома Фудбал Англија Од Островот одлични вести за Египет – овој пат не се поврзани со Мо Салах!

Од Островот одлични вести за Египет – овој пат не се поврзани со Мо Салах!

Арсенал во вчерашниот натпревар на домашен терен го совлада Вест Хем со 4:1, но натпреварот беше обележан со повредата на играчот за врска „топчиите“, Мохамед Елнени.

Египќанецот беше присилен да го напушти натпреварот во првото полувреме поради повреда на левиот зглоб. Сцените на „Емирати“ беа навистина тажни откако Елнени на носилки и во солзи го напушти тревникот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првите информации од Англија беа дека се работи за тешка повреда поради која фудбалерот би можел да не настапи за Египет на Мундијалот во Русија ова лето.

Меѓутоа после деталните прегледи кој фудбалерот ги помина во текот на денешниот ден беше утврдено дека не станува збор за тешка повреда.

Како што сега пренесуваат англиските медиуми тој ќе биде спремен за три недели и што е најважно Египет ќе може да смета на неговите услуги за Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити до крајот на неделата?!

Неверојатни тврдења доаѓаат од Англија, и тоа од многу познатиот новинар Ричард Кис кој тв…