УЕФА денеска соопшти дека Барселона нема да може да има свои навивачи во натпреварот против Црвена Звезда на 6 ноември во Белград.
Причината е расистички навреди на фановите на каталонскиот гигант против Монако. Од оваа одлука погодени се и навивачите на Барселона во Македонија. Од фан клубовите веќе информираат дека на навивачите кои имале уплатено аранжмани ќе им бидат вратени парите.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„ФК Барселона достави официјално соопштение до медиумите и сите нејзини здруженија, асоцијации, партнери, по повод санкцијата од УЕФА, во кое ја ратификува казната „за расистичкото однесување на дел од навивачите за време на натпреварот во Монако на 19 септември”.
Во соопштението, Барса потврди дека „ќе се придржува и ќе ја примени оваа санкција на натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА што ќе го игра против Црвена звезда во Белград на 6 ноември.
ФК Барселона ќе ги врати парите за влезница на сите оние фанови кои веќе ги купиле, а ќе ги прекине понатамошните аплицирања за овој натпревар, на останатие членови.
ФК Барселона ги осудува настаните што доведоа до ова, клубот да ја добие оваа санкција од УЕФА.
„ФК Барселона отфрла секаков вид извинување за насилство и, како што е наведено во членовите 3 и 4 од својот Статут, ќе обезбеди заштита и промоција на Универзалната декларација за човекови права вклучена во Меѓународната повелба за човекови права објавена од Обединетите нации“.
Согласно ова клупско соопштение и нашата пења мора да ги следи чекорите кои Барса ги спроведува, во кои автоматски се откажуваат сите апликации само за овој натпревар во Белград.
Останатите апликации за другите натпревари се се’ уште активни и во процес“, стои во соопштението.