Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Од Косово се пожалиле: ФИФА отвори постапка против Србија

Од Косово се пожалиле: ФИФА отвори постапка против Србија


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска го обвини Фудбалскиот сојуз на Србија дека закачилe политички транспарент за Косово во соблекувалната на својата репрезентација пред натпреварот против Бразил во првото коло на Светското првенство.

Во соблекувалната на српскиот тим во четвртокот беше закачено српско знаме со мапа на Косово и натпис „Не се предавме“.

Министерот за култура, млади и спорт т.н Косовецот Хајрулах Чеку се пожали на ФИФА за тоа знаме и изјави дека Светското првенство се користи за промовирање на „ксенофобични, геноцидни и омраза пораки кон Косово“.

ФИФА наведе дел од својот дисциплински кодекс кој опфаќа недолично однесување, вклучувајќи „навредливи гестови, знаци или јазик“ и промовирање на неспортски работи.

Светската фудбалска асоцијација не посочи кога ќе ја изрече пресудата, а Србија во понеделник од 11 часот ќе игра против Камерун во второто коло на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Бегството од манистир, најголемиот порок, левакот Калстром – ова се најлудите изјави на Ќиро Блажевиќ

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ „Тренерот над сите т…