Динамо Загреб со години наназад работи одлично кога е продажбата на фудбалерите во прашање.
Хрватскиот клуб за 20-тина година се стекна со вистинско богство од продажбатана фудбалери, а најскапиот бисер кој го имаат во овој момент е младиот Шпанец, Дани Олмо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фантастично 20 годишен фудбалер прикажува одлични настапи. Го привлече вниманието на голем број европски клубови, а сега го сака Барселона, екипата од каде и што дојде на „Максимир“.
Овој фудбалер како дел од трансферот на Халиловиќ беше испратен во Динамо, сега го сакаат назад, но Динамо не сака ниту да преговара за сума помала од 25 милиони евра.
„Мојата одлука да заминам од Барселона и да се преселам во Динамо не беше лесна. На крајот не погрешив, среќен сум тука и не размислувам за заминување. Мое е да игра, а за трансферот се грижат мојат татко и мојот агент. Мене во Динамо ништо не ми недостасува. Барселона? Секако дека еден ден би сакал да се вратам, тоа е еден од најголемите клубови во светот и клуб во кој растев“, изјави Дани Олмо.