Дома Фудбал Германија Од Баерн потврдија: Ќе потрошиме најмногу во историјата!

Од Баерн потврдија: Ќе потрошиме најмногу во историјата!

Баерн Минхен е подготвен да направи голема реконструкција на тимот.

Гигантот од Минхен најавува големи промени во летниот преоден рок. Штедење нема да има, а според зборовите на претседателот на клубот Ули Хенес. Баерн ќе го ина најголемото вложување во историјата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во Минхен наредната сезона ќе играат многу нови фудбалери. Посебно ќе се трошат пари на млади фудбалери.

Изјавата на Хенес за германските медиуми е одлична вест за навивачите на Баерн.3

„Сакаме да го подмладиме нашиот тим и ќе вложиме најмногу во историјата на Баерн“, јасно порача првиот човек на германскиот гигант.

Тоа значи дека издвоената сума ќе биде многу поголема од досегашниот рекорд. Баварците во сезоната 2017/2018 потрошија 116 милиони евра на седум нови фудбалери, а толку ќе потрошат сега само на двајца.

За Французите Лукас Хернандез и Бенџамин Павар Баерн ќе плати вкупно 115 милиони евра, а се шпекулира и за уште неколку фудбалери. Вчера се појави вест и дека Баерн е пред обезбедување на потписот на фудбалерот на Лил, Николас Пепе за сума од 80 милиони евра (тука). Голема желба на Баерн е и Калум Хадсон Одои од Челзи, но „сините“ веќе одбија неколку понуди од Германците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Напаѓачот на Челзи исклучен по само 4 минути на терен. За малку ќе му ја скршеше ногата на противникот

Фудбалерите на Фламенго го совладаа Челзи со 3:1 во второто коло од Светското клупско прве…