Во четврток на арената „Тодор Проески“ Шкупи ќе игра реванш против Пјуник во рамките од квалификациите за Лигата на Европа.
Шкупи на гости во Ерменија одигра 3:3 и тоа е поволен резултат иако македонскиот претставник беше блиску до уште по поволен резултат бидејќи два гола Шкупи прими во последните десетина минути од натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред овој натпревар од таборот на Шкупи се одлучија на еден одличен потег – билетите ќе бидат беспплатни!
„Сакаме да информиравме дека сите гледачи кои ќе сакаат да го следат овој меч ќе добијат бесплатни билети. Во ситуација кога сме блиску до пласман во втората квалификациска рунда, неопходна ни е максимална поддршка, па затоа ги покануваме сите да дојдат и да ни дадат сила против Ерменците“, објавија од Шкупи.