Дома Фудбал Германија Одличен потег на Борусија: Не си доаѓал редовно на натпревари, нема сезонска карта!

Одличен потег на Борусија: Не си доаѓал редовно на натпревари, нема сезонска карта!

Борусија Дортмунд без дилеми е тимот кој ги има едни од најверните навивачи во светот на фудбалот.

Стадионот „Сигнал Идуна Парк“ констатно е полн на секој домашен натпревар и често пати навивачите знаат да бидат причина за подобра игра на нивните милениц.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Сепак, има и такви кои не доѓаат често на натпреварите, па од Борусија пронајдоа решение.
Дури 500 навивачи останаа без влезници. Нивните сезонски карти се откажани и ќе бидат понудени на други навивачи.

Причината е јасна. Не доаѓале реоднов на натпреварите, а требало да присуствуваат најмалку на седум од 17-те домашни натпревари за да им бидат обновени.

Додека навивачите на кои им се одземени картите се шокирани од ваквата одлука, еден од оние кои немал сезонска влезница ја поздрави оваа одлука.

„Ова е добар потег. Луѓето со години беа на листата на чекање“, порача навивачот по име Оливер Јансен.

Борусија Дортмунд на тој начин ќе се обиде максимално да го искористи својот стадион кој има капацитет од 81.000 навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …