Дома Фудбал Останато Одегард соработуваше со Зидан, сега го прокоментира неговото враќање во Реал

Одегард соработуваше со Зидан, сега го прокоментира неговото враќање во Реал

Талентираниот Мартин Одегард оваа сезона конечно започна да го прикажува неговиот потенцијал играјќи во првата лига во Холандија во дресот на Витесе.

Добрите настапи на фудбалерот од кој Реал Мадрид и фудбалскиот свет имаа големи очекувања наводно биле забележани од Ајакс кој покажал да го интерес да го ангажира.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Одгард во Реал Мадрид пристигна кога имаше 16 години и беше дел вториот тим на Реал, Кастиља каде што соработуваше и со Зидан. Одегард знае како е да се работи со Зидан, па сега даде свој коментар на оваа тема.

„Тоа што Зидан се врати навистина е позитивна вест за сите во клубот. Позитивна е во секој поглед, тој имаше голем успех и знае како работи клубот. Според мене неговото враќање беше најдобриот избор во овие моменти. Неговото враќање е исто така добра работа и за мене бидејќи ние двајца одлично соработувавме и јас знам што тој бара од играчите“, изјави Одегард кој сега како 20 годишник се надева дека ќе добие нова шанса во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Детали за скандалот во Штип: Таткото крвнички ги претепал двете деца поради прекршок на теренот!

Во центарот на внианието на фудбалсската јавност во Македонија вчера беше скандалот во Шти…