Барселона синоќа го направи она што никомуво историјата на фудбалот не му успеа. Анулираше летири гола разлика од првиот меч и се пласура во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
Но над епскиот, историски триумф кој го слави целиот свет, има голема судиска дамка!
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Дениз Ајтекин после натпреварот со никого не го замени дресот, а доколку го направеше тоа, под жолтиот судиски ќе се видеше оној на Барселона“, е само еден од коментирите.
Иако во 85-та минѕта Маскерано призна дека го фаулирал Ди Марија кога овој излезе очи во очи со Тер Штеген, сепак се чини дека најголемата судиска грешка се случи во 90-та минута.
Во последната минута при резултат 4:1, судијата Ајтекин кој до тогаш судеше тенденциозно за Барселона им подари пенал на домаќините после вештата симулација на Суарез.
Уругваецот театрално падна во казнетиот простор, а судијата наместо да му покаже втор жолт картон за симулација, тој покажа на белата точка и ја „поттурна“ Барса кон големиот триумф.