Дома Фудбал Останато Ова никој не го очекуваше: Роналдињо ги одбра најдобрите 11 и ги изненади сите

Ова никој не го очекуваше: Роналдињо ги одбра најдобрите 11 и ги изненади сите

Поранешниот играч на Барселона, легендарниот Роналдињо, ја одбра најдобрата екипа во фудбалската историја. Барем како што мисли тој дека треба да изгледа.

Формацијата е 4-3-3, а Бразилецот во оваа екипа стави четири играчи на Барселона. Тоа се: Лео Меси, Тиери Анри, Роналдо и Карлос Пујол. Заедно со нив, за најдобар тренер го стави исто така поранешниот стратег на каталонскиот клуб, Франк Ријкард.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно е тоа што тој пронајде место и за играчи кои го носеле дресот на Реал: Роберто Карлос, Кака и Зидан. Секако, тука е и Роналдо, ако се знае дека тој играч настапуваше за двата шпански гиганти.

Тоа што на сите „им падна на око“ е дека во екипата нема место за двата уметници како Иниеста и Чави.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓокереш ги смирува навивачите: Арсенал оди кон титулата, но нема опуштање”

Виктор Ѓокереш одлучи јавно да зборува за потенцијалната титула со Арсенал оваа сезона. Из…