Дома Трансфер зона Ова навивачите нема да му го простат, Рабио се сели во големиот ривал

Ова навивачите нема да му го простат, Рабио се сели во големиот ривал

Адриен Рабио на лето може да направи шокантен трансфер во големиот ривал на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Французинот игра одлично оваа сезона и многу клубови покажуваат интерес за него, а најсилен е интересот на милански Интер.

„Нероаѕурите“ сакаат да го „украдат“ Рабио и да го доведат како слободен агент, па наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент.

Интерес за плејмејкерот покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…