За нешто помалце од еден час започнува ждрепката за плеј-офот од Лигата на Европа каде што место изборија македонските претставници Вардар и Шкендија.
Вардар се најде во групата каде што носители се Ајакс, Фенербахче, Лудогорец, Бате Борисов, Динамо Загреб, Макаби Тел Авив и тоа се можните противници на македонскиот шампион кој претходно беше елиминиран од Копенхаген во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Шкендија која вчера одигра одличен натпревар и го совлада Тракаи со 3:0 се најде во првата група каде што најзвучно име е италијанскиот гигант Милан. Покрај Милан, тука се уште Динамо Киев, Краснодар, Клуб Бриж и Аустриа Виена.