Барселона вчера го претрпе вториот пораз во шпанското првенство сезонава и тоа на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1:0. Сепак, по овој дуел најмногу се зборува за поништениот гол на Роберт Левандовски.
При резултат 0:0 Левандовски во 13. минута ја погоди мрежата на домаќините, меѓутоа со реакција на ВАР тој гол беше поништен.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Но, по објавените снимки и фотографии може да се забележи дека Барселона е оштетена бидејќи судиите во ВАР собата веројатно го гледале стапалото на дефанзивецот на домаќините место на Левандовски.
Медиумите во Шпанија објавија и снимка од разговор на полувремето помеѓу тренерот Ханси Флик и судијата Гиљермо Хернандез.
„Што да правам? Ако ВАР вели дека е офсајд, зошто ние би измислувале офсајд? Вие тврдите дека нема недозволена ситуација и за вас не е офсајд бидејќи е одлука против вашиот тим“, му зборува судијата на Флик, додека германскиот стратег тврди дека неговиот тим е оштетен.
Caras y gestos de chulería de Cuadra Fernández a Hansi Flick que es uno de los pocos que tiene educación. Me hierve la sangre con el mierdas este.
— Oriol Zied (@ORIOLLLL) November 10, 2024
Tiradme el vídeo si tenéis cojones, aquí os espero 👹 pic.twitter.com/yL7mAyDlku